Финска се коцка: Седиштето на НАТО ќе биде во близина на границата со Русија

t

Главниот штаб на копнените сили на Северноатлантската алијанса во земјите од Северна Европа ќе биде распореден во градот Микели, на околу 140 километри од границата со Русија, изјави на брифингот финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

„Ќе предложиме седиштето на копнените сили на НАТО да биде во Микели“, најави Хаканен.
Главниот штаб на финските копнени сили веќе се наоѓа во Микели. Претходно беше најавено дека во мирно време штабот ќе планира и спроведува обука на НАТО во регионот.

Формираната организација, таканаречениот штаб на висока подготвеност, ќе работи 24 часа и ќе биде подреден на главниот штаб во Норфолк на источниот брег на Соединетите Американски Држави.

Претходно финската РТВ „Yle“ ги обелодени имињата на градовите во кои се планира да биде седиштето на НАТО. Едниот ќе биде на северот на земјата, а другиот на југот, на границата со Русија, во градот Микели.

Претходно портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека Русија бележи зголемување на воената активност на Финска по нејзиниот влез во НАТО. Захарова истакна дека сегашната политика на финските власти е ориентирана кон политиката на „колективниот Запад“, како и нанесување „стратешки пораз“ на Русија.
Финска стана 31-ва членка на НАТО во април 2023 година.

Во последниве години, Русија предупреди на невидена активност на НАТО на нејзините западни граници. Москва во повеќе наврати изрази загриженост поради акумулацијата на силите на сојузот во Европа. Кремљ нагласи дека Руската Федерација никому не се заканува, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…