Финците најавуваат арбитражна постапка против Гаспром
Финскиот државен енергетски снабдувач Гасум изјави дека нема да го прифати барањето на Москва да го плати гасот во рубли и најави дека поради тоа ќе покрене спор пред арбитражен суд против Гаспром експорт, подружница на рускиот државен енергетски гигант Гаспром.
„Во оваа ситуација, Гасум немаше друг избор освен да иницира арбитража во врска со договорот. Во оваа предизвикувачка ситуација, ќе направиме се што можеме за да ги снабдиме финските клиенти со потребната енергија“, се вели во соопштението на извршниот директор на Gasum, Мика Виланен.
Компанијата планира да увезува енергија во текот на претстојната летна сезона преку гасоводот Baltic Connector, кој ги поврзува финските и балтичките гасни мрежи преку Финскиот залив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…