Објавено на:

ФИФА со „вештачка интелигенција“ ќе се бори против расизмот и говорот на омраза

t

Унијата на фудбалери заедно со Меѓународната фудбалска федерација сакаат што поскоро да се намали проблемот на социјалните мрежи со расизмот и говорот на омраза.

ФИФА во саботата објави дека со помош на специјална „вештачка интелигенција“ експресно ќе се скенира расизам и говор на омраза на социјалните мрежи, за да се спречи таквите коментари да бидат видени од „жртвата“ и неговите следбеници. 

Во сеопфатна студија, „вештачката интелигенција“ беше искористена за испитување на повеќе од 400.000 објави на социјалните мрежи. Коментари беа оценувани за време на полуфиналната и финалната фаза на Европското фудбалско првенство и Африканскиот куп на нации во 2021 година.

Резултатите беа шокантни: повеќе од 50 проценти од играчите беа дискриминирани во некаква форма, а најголемиот дел од овие изјави доаѓаа од нивните матични земји. Хомофобични (40 проценти) и расистички (38 проценти) коментари го сочинуваа најголемиот дел од објавите. Многу од овие коментари сè уште се видливи на профилите од каде што првично беа објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мундијалот во 2030 ќе се игра во…

Светската фудбалска организација ФИФА денеска одлучи дека…

ФИФА покрена постапка против Хрватска за нацистичките…

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА покрена постапка против…

“Без лажи и преваре”: ФИФА тврди дека…

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) соопшти денеска дека…

ФИФА го одби барањето на Зеленски да…

ФИФА го одби барањето на украинскиот претседател…

ФИФА покрена постапка против Србија за несоодветно…

Против Фудбалската федерација на Србија е покрената…