Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи, меѓународната заедница не реагира
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека во Украина се борат „нацистички трупи“, но меѓународната заедница тоа не го забележува.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
-Сите зборуваме за фашизам, нацизам, а истовремено тивко толерираме војници со многу јасни ознаки да трчаат низ Украина, поврзани со движења кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие не некому му пречи, изјави Фицо при посетата на Музејот на холокаустот во словачкиот град Серед, пренесува ТАСР.
Словачкиот премиер посочи дека светот е полн со лаги, бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси со кои се навредува положбата на жртвите на холокаустот и расно насилство“.
-Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат војници кои користат нацистички симболи и често пати да се однесуваат соодветно на тоа, додаде Фицо.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Киев е разочаран од изјавата на премиерот на Словачка Роберт Фиц за војниците на вооружените сили на Украина, која, како што велат, „противречи на постојното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фицо: Во Украина се борат нацистички трупи,…
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека…
Шојгу: Русија нема да преговара со Киев…
Секретарот на рускиот Совет за безбедност Сергеј…
Денеска се празнува Преподобен Мојсеј Мурин
Родум Етиопјанин, а најнапред беше разбојник и…
Дождот ги изгасна сите пожари на отворено
Центарот за управување со кризи утринава соопшти…
(Видео) СКАНДАЛ! Со интервентна и „марици“, како…
Уште еден скандал го тресе тетовско-гостиварскиот регион…