ФК Вардар: Навикнете се на „новото нормално“, eдинствената грешка ни беше што не ви дадовме 3-4 гола

Вардар излезе со соопштение во кое жестоко му одговори на Силекс:
„Вардар не сака и нема да навлегува во расправии со примитивни и провинциски структури на фудбалското подземје и кладилничарската мафија во Македонија собрана во кратовскиот прволигаш.
Злоупотребата на истоимената телевизија од истоимениот клуб на феудалната фамилија е работа на немоќ и безидејност. И се коси со било кои новинарски стандарди, норми и морал.
За жал по Силекс, дојдено е времето на „новото нормално” на кое ќе треба да се привикнат, односно време каде нема нарачки на подобни судии кои треба да го обезбедат резултатот што спортски не можат и не заслужуваат да го постигнат.
Како што беше случај есеноска кога на Арената ни дадоа гол од офсајд во 95-та минута кој беше поништен, а потоа по долги „консултации” беше признат. Вардар тогаш не плачеше, се сврте кон себе и кон решавање на своите проблеми. Плачењето им го остави на размрсулавените плачковци.
Фактите кажуваат дека ФК Вардар вчера имаше посед на топка од 75%, 15 шута од кои 8 во рамките на голот и 6 стонастотни шанси. Нашите противници Силекс од Кратово, предводени од луѓе што го финансираат клубот од фиксирање натпревари, и кои своевремено го испаднаа Пелистер од првата лига, немаа ниту еден удар во рамките на нашиот гол.
Единствената грешка што вчера ја направи нашата екипа е што не му даде 3-4 гола на Мали Ѕинго. Затоа со душа ја чекаме средбата што меѓу нас и нив ќе се одигра во третиот круг од прволигашкото натпреварување, каде на терен ќе се покаже кој е кој“, стои во соопштението на Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Струмица се спроведуваат вежби за…
На територијата на општина Струмица, секојдневно се…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Деаноски од УПОЗ: Министерството врши притисок врз…
Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на вработените…
Туск: Посветеноста на НАТО во одбрана на…
НАТО има витален ангажман за заштита на…
Јон Фрчкоски се повлекува од функцијата во…
Директорот на Центарот за истражување и анализи…