ФК Пирин Благоевград пак бара спас во Македонија, овој пат спонзори

t

„Новиот менаџер на фудбалскиот клуб Пирин Благоевград, Петар Занев, се нафати да бара инвеститори кои финансиски ќе им помогнат на „орлите“. Поранешниот фудбалер, кој се врати во клубот како менаџер, неодамна отпатува за Македонија, каде што разговарал со бизнисмени од источна Европа. Сè уште не е јасно дали разговорите ќе бидат успешно финализирани и колку спонзорите можат да се ангажираат за судбината на Пирин“, пишува „Спортал.бг“.

Прволигашот од главниот град на Пиринска Македонија, трет одзади на табелата по 20 одиграни кола во бугарската елитна конкуренција, има буџетска „дупка“ од 900 илјади лева (околу 450 илјади евра).

Спас за Пирин во Македонија побараа и неговите навивачи пред пет години, кога од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) бараа нивниот клуб да се натпреварува во кој било македонски ранг на натпреварување. Причина за тоа беше огромното незадоволство од Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС) поради делегираните судии, обвинувајќи ги за испаѓањето од Првата лига таа година.

Големи турбуленции во клубот со едновековна традиција имаше и во 2011 година, кога четирикратниот финалист во Купот на Бугарија беше исфрлен од тамошната Прва лига поради неподмирени долгови, а шест години претходно поради неплатени даноци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…