Фокс њуз: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава Фокс њуз.
Фокс њуз во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош, јави Танјуг.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американците објавија видео од Б-2А бомбардерите пред…
Министерството за одбрана на САД објави инсерти…
Се огласи Хамнеи и објави заканувачка фотографија!
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се…
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто…
Цените на нафтата паднаа за повеќе од…
САД: Не се регистрирани напади на други…
Не е регистриран ирански напад во ниту…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…