Убедена сум дека ќе има мнозинство за уставни измени: Фон Дер Лајен не сакаше да му го спомене името на Мицкоски
Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија не само што не му даде гаранции на Мицкоски дека Бугарија ќе нема повеќе барања од Македонија, туку практично не сакаше ни името да му го спомене.
Фон дер Лајен е убедена дека во македонското Собрание ќе се собере потребното мнозинство за промена на Уставот.
– Секако, на билатералната средба зборувавме за уставните измени, знаете сигурна сум дека луѓето од Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, минавте низ многу, бевте навистина успешни во напредувањто и сигурна сум дека тука во земјата ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одговорни за учествување и придонес кон тоа земјата да се движи напред.
Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе, рече Фон дер Лајен.
Целата прес-конференција може да ја проследите на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…