Фон дер Лајен и Шарл Мишел ја поздравија рекордно високата излезност на изборите во Турција
Претседателите на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ја поздравија „многу силната излезност“ на неделните парламентарни и претседателски избори во Турција и ја оценија како „победа“ на демократијата.
Излезноста на гласачите беше речиси 90%, а вториот круг од претседателските избори ќе биде на 28 мај во недела.
„Многу силниот одѕив на гласачите на овие избори е навистина добра вест… Тоа е јасен знак дека турскиот народ е посветен на остварување на своите демократски права“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција со Шарл Мишел, кој исто така им честиташе на граѓаните на Турција.
„Сепак, изборите не се завршени. Треба да почекаме да ги видиме резултатите од вториот круг, а ние тоа многу внимателно го следиме“, рече претседателката на Европската комисија, додавајќи дека Турција е „важен партнер“ на ЕУ.
Турција, членка на НАТО, официјално е кандидат за ЕУ, но преговорите за пристап формално започнати во 2005 година се во застој веќе неколку години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…