Фон дер Лајен на турнеја низ Балканот, во четврток на средби со Мицкоски и со Сиљановска Давкова

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела ќе започне турнеја низ земјите од Западен Балкан. Турнејата ја започнува од Албанија, а завршува на Косово, стои во календарот објавен на веб-страницата на ЕК.

Претседателката Фон дер Лајен ја започнува посетата на Албанија во среда, 23 октомври, каде ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а потоа се очекува да одржи говор на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа во Тирана.

Урсула фон дер Лајен во четврток ќе замине за Северна Македонија каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Потоа, во четврток ќе ја посети Босна и Херцеговина, каде најпрвин се очекува да ги посети подрачјата погодени од неодамнешните смртоносни поплави. Претседателката на ЕК во петок ќе има средби во Претседателството на Босна и Херцеговина.

Од Босна таа ќе замине во Србија, каде ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

На последниот ден од турнејата претседателката Урсула фон дер Лајен ќе го посети Косово, а потоа ќе замине за Црна Гора каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен на турнеја низ Балканот,…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Американскиот министер за одбрана во ненајавена посета…

Министерот за одбрана, Лојд Остин рано утринава…

Бомба експлодираше во штабот на Самка Ибраимовски

Претседателот на Партијата за целосна еманципација на…

Метео: Претежно сончево, во одделни котлини со…

Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со…

Состојбата со земјоделието е катастрофална

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она…