Фон дер Лајен очигледно не учела од Меркел па ќе ја ослободува Европа од Руски гас: Од каде ќе најде друг?
Европската Унија мора да се ослободи од зависноста од рускиот гас, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Зборувајќи на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен ја критикуваше Русија поради „вооружување на енергетското прашање“ во својот судир со Украина и ЕУ.
Тврдејќи дека Москва ја нарушила својата репутација на веродостоен снабдувач со енергија откако Газпром ја ограничил испораката на гас во Европа и покрај големата побарувачка, Фон дер Лајен кажа дека ЕУ веќе ја почнала диверзификацијата на увозот на енергија и обезбедила повеќе течен гас од меѓународните партнери.
Таа потврди дека блокот има доволно резерви гас за зимата во случај Русија да го наруши снабдувањето.
„Мораме да ги диверзифицираме нашите извори на енергија, за да се ослободиме од зависноста од рускиот гас и повеќе да вложуваме во обновливите извори на енергија. Тие се чисти и добри за планетата, домашни се и добри за нашата независност“, кажа Фон дер Лајен, повикувајќи го блокот да извлече поуки од актуелната криза.
Осврнувајќи се на растечките тензии меѓу Русија од една и Украина и Западот од друга страна, таа кажа дека Украина денес е „посилна, послободна и посуверена земја отколку во 2014 година“.
„Токму поради тоа Кремљ повторно се заканува“, истакна Урсула фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Испораките на руски гас во Кина ќе…
Русија и Кина разговараа за прашањето за…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…
Во Осиек дошло до експлозија во стан…
Молдавија сепак ќе купува гас од Русија
Како што се приближува зимата Молдавија се…
(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…
За време на говорот на Урсула Фон…