Фон дер Лајен од Собранието: Ваше право е да почекате подобар предлог – Европа не е целосна без “Северна” Македонија

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен се обрати пред пратниците во македонското собрание.

Меѓу другото, Фон дер Лајен кажа дека некои сметаат дека може да има подобар предлог и наше право е да почекаме да се подготви таков, ама Европа не е целосна без “Северна Македонија”.

Во продолжение дел од говорот на Фон дер Лајен.

– Сакав да дојдам овде за да ви кажам дека ја сакаме Македонија за членка на ЕУ. Вие работевте напорно за да станете членка, во 2009 година ЕК препорача да ги отвориме пристапните преговори со вас. Од тогаш постојано сме покрај вас и сега конечно би можеле да бидеме на прагот на еден одлучувачки чекор напред. Овде сум денес затоа што верувам дека ова е моментот да продолжиме напред кон нашата заедничка иднина во ЕУ со Северна Македонија како полноправна членка.

Повторно покажавте смелост и решителност, договорот од Преспа беше пример за храброст, истакна Фон дер Лајен.

Ова ви го отвори патот кон членството во НАТО и по повеќе од две години во НАТО, Северна Македонија покажа дека е сигурен партнер и знам дека истото ќе се случи кога ќе станете членка на ЕУ. Веќе покажавте еден витален капацитет да го подобрите вашето општество, се борите со корупиција, имате слободни медиуми.

Многумина од вас ќе бидат фрустрирани што вашата држава не започнала се уште преговори, и да ви кажам и јас сум, ЕК препорачува отварање на преговорите веќе 13 години.

Се разбира дека сте фрустрирани дека не започнаа преговорите веднаш по договорот од Преспа, но не се откажавте, и ние не се откажавме, заедно ќе го претвориме сонот во реалност.

Сега сите мора да го свртиме погледот напред, да ја искористиме можноста која се нуди. Тоа може да го направиме веќе следната седмица, бидете уверени дека ЕК секогаш била на ваша страна.

Доколку одлучите да го одобрите францускиот предлог во следните неколку денови ќе се одржи меѓувладина конференција, а ние како ЕК ќе започнеме со скрининг процес. Тогаш ќе ни биде драго да го пречекаме вашиот преговарачки тим во Брисел и да почнеме да работиме заедно.

Како и во секоја демократија го слушаме другиот, ги слушаме аргументите кои ги имате, ви благодарам за вашето демократско однесување. Ја слушав загриженоста за јазикот и идентитетот, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик, додаде Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…

За време на говорот на Урсула Фон…