Објавено на:

Фон дер Лајен останува на чело на Европската комисија

t

Европскиот парламент денес гласаше против предлогот за изгласување на недоверба на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен, инициран од романскиот европратеник Георге Пипере.

Предлогот за недоверба на Фон дер Лајен беше поддржан од 175 европратеници, додека 360 гласаа против, а 18 беа воздржани. Пипере го поднесе предлогот поради нетранспарентната размена на текстуални пораки меѓу фон дер Лајен и извршниот директор на американската фармацевтска компанија Фајзер за време на пандемијата на коронавирусот.

Комисијата го отфрли барањето на новинар за објавување на преписка од 2021 година за набавка на вакцини, а Општиот суд на ЕУ во мај пресуди дека ЕК не дала доволно причини за необјавување на преписката, на што европската извршна власт поднесе жалба. За гласање за недоверба беше потребно двотретинско мнозинство од европратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…

(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…

За време на говорот на Урсула Фон…