Фон дер Лајен повикува да се прекине кругот на насилство во Газа!

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека е неопходно да се прекине циклусот на насилство во Газа и порача дека Европската унија ќе соработува со Јордан во обезбедувањето на хуманитарна помош што му е потребна на цивилното население. „Го осудуваме неприфатливото насилство на екстремистите на Западниот Брег. Се согласуваме дека треба да се прекине циклусот на насилство. Решението со две држави е единствениот начин за постигнување мир“, напиша Фон дер Лајен на платформата Х (Твитер), по средбата со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман.

Јорданскиот крал го повика претседателот на ЕК веднаш да дејствува за да воспостави прекин на огнот во Појасот Газа и предупреди на „ескалација на ситуацијата во целиот регион“ доколку продолжат израелските напади врз палестинската енклава. „Неопходна е итна акција за да се воспостави прекин на огнот во Газа, да се заштитат цивилите и да се обезбеди непречена испорака на хуманитарна помош. Продолжувањето на израелската страшна војна против Газа ќе доведе до експлозија на ситуацијата во целиот регион“, предупреди тој, повикувајќи ја меѓународната заедница да ја запре хуманитарната катастрофа во согласност со меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Јорданскиот крал ја повторил потребата сериозно да се работи на политичкиот хоризонт за да се постигне праведен и сеопфатен мир на Западниот Брег заснован на решение за две држави и укажал на улогата на Европската унија во ова прашање, пренесува јорданската државна агенција Петра. . Претседателот на ЕК пристигна во Јордан од Египет, како дел од посетата на регионот за да разговара со регионалните лидери за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и хуманитарната помош за цивилното население.

Фон дер Лајен во саботата во Каиро имаше слични разговори со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и го посети граничниот премин Рафах меѓу Египет и Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Главчев за Македонија: Не е нормално земја…

„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…

Турција ќе добие уште една милијарда евра…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…

Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…