Фон дер Лајен трогната од желбата на младите да живеат во земја членка на ЕУ: Мојата порака е јасна, ЕУ е покрај вас!
Одлично е да се биде повторно во Скопје и јасно се сеќавам на мојата претходна посета кога ветивме дека доколку Собранието ги преземе чекорите (гласање на францускиот предлог) тоа ќе значи почеток на скриниг процесот, а целосно ќе бидат признаени вашиот јазик и идентитет, вели претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.
– Беа потребни лидерство и храброст кога тој историски ден во јули ги отворивме пристапните проговори. Скринингот започна веднаш, сега веќе е воспоставен преговарачкиот процес и ќе го потпишеме договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик без фусноти.
Денес испорачуваме резултати, имаме 24 јазици во ЕУ, убедена сум дека наскоро ќе имаме 25 јазици затоа што македонскиот јазик е прекрасен јазик.
Нема сомнеж дека тој е ваш јазик и целосно го почитуваме тоа. Македонија се движи напред по европскиот пат, ова го покажува и нашиот последен извештај. Морам да ви честитам, навистина е прекрасно да се види колку одлучно напредувате.
Сето ова го правите додека во позадина се случува војната на Русија со нашиот пријател Украина, војна која задава дополнителни удари низ целиот свет. Русија ја користи енергијата како оружје, тоа резултираше со поголеми цени и нестабилно снабдување, и за жал Македонија го има тој проблем.
Ние нема да се предадеме, нема да отатспиме ни сантиметар, бидете сигурни дека солидарноста во ЕП е солидарност и со Македонија затоа што оваа криза ќе ја надминеме заедно. Мојата порака за граѓаните на Мкедонијан е многу јасна, ЕУ е покрај вас, ќе ја надминеме оваа криза заедно и ќе се придвижиме кон подобра иднина, нагласи претседателката на ЕК.
Фон дер Лајен го спомена пакетот од 80 мимлиони, грантови за поддршка на земјите од регионот и на Македонија за справување со енергетската криза, а најави и нови грантови за нвестирање во енергетска ефикасност и обновлива енергија.
– Треба да бидеме самоодржливи, обновливата енергија ќе биде произведена дома и ќе создава работни места и тоа не прави независни од руските фосилни горива, нагласи Фон дер Лајен која нагласи дека ѝ е драго што Македонија инвестира во фотоволтаици.
Ја покани Македонија да купува природен гас заедно со ЕУ и додаде дека ја трогнало тоа ашто младите во Македонија сонуваат за Европа и да ја видат Македонија како дел од Европа.
Фон дер Лајен е уверена дека властите се способни да го остварат тој сон на младите, а уште еднаш повтори дека ЕУ не е целосна без Македонија.
Целата прес-конференција проследете ја на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…