Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија – причината е неговата средба со руски министер
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја откажа денешната средба со српскиот премиер Милош Вучевиќ, која беше планирана за време на нејзината посета на Белград.
Причината за откажувањето е неговата средба со рускиот министер за економски развој, Максим Решетњиков.
Фон дер Лајен пристигна во Белград како дел од четиридневната турнеја низ Западен Балкан. По средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, таа изрази уверување дека иднината на Србија е во Европската Унија, но не даде конкретен времеви рамки за приемот, нагласувајќи дека процесот на усогласување со ЕУ е индивидуален за секоја земја.
Откажувањето на средбата со Вучевиќ го потврди портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, како и шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.
Жофре изјави дека „состанокот е откажан по средбата на премиерот со рускиот министер“, нагласувајќи дека Србија изразила намера да ги зајакне економските односи со Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…
За време на говорот на Урсула Фон…