Објавено на:

Фон дер Лајен ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Со нетрпение очекувам да работам со вас

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска Давкова за првa претседателка на Македонија и рече дека нејзиното лидерство доаѓа во клучен момент, додека државата напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ.

Фон дер Лајен додаде дека со нетрпение ја очекува соработката со новата претседателка на Македонија.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давков што стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ, со нетрпение очекувам да работам со вас“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…

За време на говорот на Урсула Фон…