„Форбс“: На почетокот изгледаше дека Украинците ќе останат кратко во Русија, веќе не изгледа така
Во шестиот ден од напредувањето на Украина во јужниот дел на рускиот регион Курск, се зголемуваат доказите дека украинските сили – некои или сите пет бригади од 2 000 војници плус најмалку еден независен баталјон од 400 луѓе – планираат да останат на руска територија, пишува „Форбс“.
Украинците копаат ровови. Очекувајќи статична војна долж или во близина на постојната линија на фронтот. Русите исто така се вкопуваат. Тоа што двете страни ги консолидираат своите позиции не значи дека Украинците завршиле со напредувањето, ниту дека Русите не можат да започнат контранапад и да ги истераат Украинците кон границата.
Сепак, копањето ровови значи дека на маса се стабилизирањето на линијата на фронтот и долгорочната украинска окупација на дел од регионот Курск. Рускиот воен дописник Александар Харченко вчера ги гледаше украинските сили како копаат ровови во Курск, опишувајќи го тоа како „најлошото нешто што може да се случи“.
Сега кога повторно пристигнува американската помош, руските сили околу Курск не можат да сметаат на тоа дека украинските сили ќе останат без муниција.
Како би ги потиснале потенцијално илјадниците украински војници од Курск, тие ќе мора да заземаат еден по еден ров. Освен, се разбира, ако Кремљ не може да изведе силен контранапад пред да бидат завршени украинските ровови. Харченко предупредува дека времето за тоа забрзано истекува, а Украинците успешно ги запираат руските засилувања кои се обидуваат да се пробијат до првата линија.
„Руските конвои ги пречекуваат украински диверзантски и извидувачки групи, беспилотни летала и артилерија“, напиша Артур Рехи, естонски војник и аналитичар.
Украинците веќе распоредија потенцијално повеќе од 10 000 војници во Курската област и соседната област Суми. Според Украинскиот центар за одбранбени стратегии, Русите се обидуваат да преместат 10 баталјони со вкупно 4 000 војници на линијата на фронтот.
Сепак, тие 10-тина руски баталјони се само почетниот ешалон. На хартија, руската северна група на сили може да смета на 48 000 војници. Многумина од нив заглавија во Вовчанск, град во североисточна Украина. Ако Москва се откаже од обидите да напредува кон Вовчанск и други места и градови на линијата на фронтот, според „Форбс“, би можела да пренесе значителни сили во регионот Курск.
Оттука произлегува дека главната цел на Украинците навистина би можела да биде да ги ослабат Русите на други фронтови. Киев веројатно се обидува да „одвлече дел од руското внимание и руските сили стационирани во источните делови на Украина“, забележа Емануел Шазе од Франс 24, цитирајќи украински извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Форбс“: На почетокот изгледаше дека Украинците ќе…
Во шестиот ден од напредувањето на Украина…
Украински претставник: Офанзивата врз Курск има три…
Според него целта на упадот е да…
Шефот на Пентагон распореди подморница на Блискиот…
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин распоредил…
Приведен скопјанец поради предизвикување пожар
Триесет и двегодишен скопјанец утрово е приведен…
Маж паднал во бунар длабок 15 метри,…
Кумановските пожарникари вечра извадиле човек кој паднал…