“Форбс”: Русија досега потроши 7,5 милијарди долари за гранатирање на Украина
Руските сили испукале 1.300 проектили врз Украина, и тоа неа ја чини најмалку 7,5 милијарди долари, објави магазинот Форбс.
Москва истрела 235 ракети „Калибар“ кон Украина. Тешко е да се пресмета точниот број на други видови ракети лансирани во Украина, но според Министерството за одбрана на 24 март, нивниот сооднос е следниов: 62 отсто од проектилите се „Искандер“, 30 отсто се проектили од класа X, а 8 отсто се „Точка-U“.
Цената на ракетите може значително да варира. Точка-У, според веб-страницата Military Russia, вреди 300.000 американски долари, а Калибар е 6,5 милиони долари според договорот за извоз со Индија од 2006 година. Ракетите X-101 се помодерни и пософистицирани од Калибар, поради што, според експерти, тие се многу поскапи.
Така, според сите проценки, вкупната вредност на проектилите истрелани против Украина достигнува 7,5 милијарди долари. Оваа сума надминува 82 од 85-те годишни локални буџети на руските региони – сите освен Москва, Московскиот регион и Санкт Петербург.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…