(Фото+Видео) Мицкоски и ги плаќа сметките на шарената која им посакуваше на полицајците Куманово да им се деси! – Божиновска јавно се заблагодари за хуманоста

t

Хаос се случува на социјалните мрежи откако „шарената револуционерка“ Ивана Божиновска која им посакуваше на полицајците за време на протестите „куманово да им се деси“ јавно се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бидејќи тој и ја платил сметката за интернет.

Инаку се работи за член на СДСМ кој во последниот период отворено ја критикува Владата на Ковачевски па логично се поставува прашањето дали на овој начин Мицкоски и се одолжува за сработеното.

-Не стигнав деновиве од претерано многу обврски да му се заблагодарам ЛИЧНО, од мое име на господинот Христијан Мицкоски што донираше плаќање на сметки за Интернет, за едно социјално загрозено семејство, на мајка со четири дечиња.

Само како луѓе, не како политичари, без разлика на партија ќе се грижиме едни за други, во случајов, да им се најдеме секогаш на помалку моќните и социјално загрозени ќе не биде!

Бог нека Ве благослови за оваа добрина!

Пс. Апстинирам да конверзирам и да се расправам со луѓе кои ќе ми набијат негативна енергија и ќе се “истакнат” партиски.

Правете нешто за друг, Бог секогаш гледа!

Да немаме гладни, да немаме сиромашни. Сиромаштијата не е избор, сиромаштијата ни е наметната!!!

Господине Мицкоски, ја користам приликата да Ви се заблагодарам лично и што експресно го решивте овој проблем.

Фејсбук статус на Ивана Божиновска

Ивана Божиновска е девојката која на македонската јавност и’ стана позната во 2016 година, кога на тогашните протести на т.н. „Шарена Револуција“ јавно им порача на македонските полицајци „Да даде Господ Куманово пак да ви се деси“.

Партиското членство е гневно со оглед на тешката економска и финансиска состојба во која се наоѓа државата, а меѓу социјално загрозените има голем број семејства на ветерани на партијата и се разбира на уставобранителите кои со години немаат добиено денар помош, дел од нив коментираат дека е срамно што Мицкоски финансира истакнати членови на СДСМ и шарената револуција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…