(Фото+видео) МОЌНО: 11.000 руски војници, 77 авиони, многу вооружени системи – Русија се подготвува за големата прослава на Денот на победата над фашизмот

Вкупно 11.000 војници, 131 вооружени системи и 77 авиони учествуваа на пробата за парадата по повод Денот на победата – 9 мај на полигонот Алабино надвор од Москва, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руската воена парада ќе се одржи на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај, на денот на одбележувањето на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Вкупно, на пробата за воената парада на Црвениот плоштад учествуваат 11.000 војници, 131 парче напредно оружје и воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери – се вели во соопштението.

На пробата учествуваа вкупно 33 парадни пешачки колони. Механизираната колона вклучуваше теренски оклопни возила „Тајфун“, пешадиски борбени возила „БМП-2“, „БМП-3“ и „Кургањец-25“, тенкови „Т-72Б3М“, „Т-90М пробив“ и „Т-14 Армата”, тактички ракетни системи „Искандер-М“, хаубици „мста-С“ и повеќецевни ракетни системи „торнадо-Г“, ракетни системи земја-воздух „тор-М2“, „бук- М3“ и „С-400 триумф“, борбена опрема на Воздухопловните сили и стратешки ракетни единици и борбени роботски возила „уран-9“ – пренесе ТАСС.
Руските сили ќе одржат ноќни проби на 28 април и 4 мај, а генералната проба е закажана за 7 мај, посочија од Министерството за одбрана.
Врховниот командант на руската армија Олег Саљуков е назначен за командант на парадата на Црвениот плоштад.
Паради на 9 мај ќе се организираат во 28 руски градови, а прослави со учество на армијата во 379 градови и населени места. Планиран е и огномет кој таа вечер во 22 часот по локално време ќе го осветли небото над руските градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девизните резерви на Русија срушија нов историски…
Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…
Макрон: Не е време за укинување на…
Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…
Голем удар за Русија, хакерски напад го…
Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…