(Фото+Видео) Распукани ѕидови во Битола – чаши се тресеа во Скопје
Голем број битолчани вечерва излегоа на улиците каде се чувствува голема вознемиреност по серијата земјотреси кои се случија во близина на градот Лерин во Грција.
„Битола на 9. спрат хорори земјотресот“, „Битола убаво тресеше…“, „Не сте свесни како стресе во Битола“ се дел од коментарите коишто ги пишуваат вознемирените жители на Битола на социјалните мрежи.
Пратеникот Горан Милевски од ЛДП на својата Фејсбук страница сподели фотографии на коишто се гледа материјална штета од земјотресите, односно распукани ѕидови на дел од објектите во Битола.
Но, дека земјотресот беше силно почувствуван и во Скопје, сведочи и ова видео коешто беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…