(Фото+видео) ХОРОР! Во вакви услови живеат пациентите во психијатриската болница Демир Хисар
До редакцијата на Инфомакс пристигнаа вознемирувачки фотографии од условите во кои живеат пациентите во психијатриската болница во Демир Хисар.
Кревети во крв и остатоци од измет, неисчистени тоалети, неисперена постелнина, е состојбата во која секојдневно живеат десетици пациенти.



Таблата која е отворена е опасност за сите пациенти кои не се свесни и би можеле да ја допрат, а со тоа и да доживеат електричен удар.
Дополнително, една бања опслужува повеќе од 40 луѓе, кои двапати седмично имаат половина час за туширање, што не е ниту приближно доволно време за сите да имаат соодветни хигиенски услови, односно човечки услови за живот.





Погледнете го видеото во продолжение: