(Фото)Русите со оклопен воз и тешко вооружување евакуираат цивили од погодените области во Украина
Руската армија во Украина обезбеди оклопен воз со кој се помага при евакуацијата на странци, но и на цивили кои се зафатени од виорот на војната во Херсонската област.
Војската обезбеди и неколку зелени коридори, кои според информациите на руската армија се саботирани од страна на пара-воените формации „Азов“ и „Десен Сектор“, но се потпомогнати од украинската армија.

До овој момент, околу 2 милиони цивили од Украина се евакуирани од земјата. Најголем број на бегалци прими Полска, еден милион. Бегалци има и во Молдавија, која пак е најсиромашната земја во Европа.
Бегалци примаат Финска, Данска, Норвешка, Унгарија но и други западно-Европски земји, претходно Велика Британија соопшти дека сакаат да им помогнат на бегалците од Украина но тоа мора да биде под строга контрола на институциите.
Во текот на претходните два дена имаше привремен прекин на огнот од двете страни со цел евакуација на населението од кризните подрачја, но и Русија и Украина обвинуваа за прекршување на договорот и убивање на цивилното население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Техеран: Русија и Кина зборуваат, но не…
Додека Блискиот Исток повторно се доближува до…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Путин: Агресијата против Иран е неиспровоцирана и…
Рускиот претседател Владимир Путин започна состанок со…