(Фото) Американците испраќаат моќно оружје во Украина!
Украинските сили наскоро ќе можат да ги претворат обичните камионети и возила во мобилни ракетни фрлачи, способни да ги соборат руските беспилотни летала.
Системот „VAMPIRE“, од американскиот производител на оружје „L3Harris“, е вклучен во најновиот американски пакет воена помош од три милијарди долари за Украина. Пакетот, кој е најголем досега, вклучува системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, противбеспилотни воздушни системи и радари, пишува „Бизнис инсајдер“.
Според производителот, „Vehicle-Agnostic Modular Palletized ISR Rocket Equipment (VAMPIRE)“ опремата вклучува ласерски воден систем за оружје што може лесно да се постави во товарниот простор на камионот и да се распореди од две лица. Оружјето е ефикасно и против копнени и против воздушни цели.
Системот во Украина ќе служи против беспилотни воздушни системи, сподели Колин Кал, потсекретарот за одбранбена политика на Пентагон.
„Самиот систем служи против беспилотни воздушни системи. Тоа е кинетички систем кој користи мали ракети за да гаѓа беспилотни летала на небото“, изјави Кал за време на прес-конференција.
Портпаролот на „L3Harris“, Пол Свиергоз изјави дека компанијата очекува да добие официјална нарачка од американската влада во која ќе се прецизира колку единици ќе ѝ бидат испорачани на Украина во „следните неколку дена“.
Имено, системот „VAMPIRE“ е вид надградба. Неговиот ракетен фрлач со четири цевки ќе им овозможува на украинските сили да погодат повеќе цели без повторно полнење, а можноста за монтирање на оружјето на возило им дава можност на операторите да покријат поголема површина.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари годинава, па сѐ до денес, Русија во голема мера користи беспилотни летала за набљудување кои овозможуваат подоцнежни артилериски напади врз украинските сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…