(Фото) Арсовска на терен доцна вечерва: Продолжува акцијата за чистење на коритото на Вардар
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна вечерва на социјалните мрежи објави фотографии од акцијата за чистење на коритото на реката Вардар.
“Заедно со екипите на скопските јавни претпријатија продолжуваме со акцијата за чистење на коритото на реката Вардар од двете страни на потегот низ општина Карпош.
По акцијата за чистење следи изградба на пешачки патеки од двете страни. Коритото на Вардар се исчисти по целата должина на течението низ скопските населби и се надополнува со нови патеки, осветлување и урбана опрема.
#ЗаМодерноСкопје”, напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…