(Фото) „Бед блу бојс“ го запалија знамето на УЕФА пред очите на Чеферин!
Динамо Загреб го шокира Челси со 1-0 во првото коло од Лигата на шампионите, а тоа беше дополнително гориво за „Бед блу бојс“, кои беснеаја на трибините на „Максимир“.
Дел од нивните кореографии беше и палењето на големо знаме на УЕФА. Ова не е случајно, бидејќи беше познато дека мечот ќе го следи првиот човек на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин, а во негово друштво бил и Звонимир Бобан, хрватската легенда со функција во УЕФА.
Навивачите на Динамо се познати дека „жнеат“ казни каде и да заминат на гостување низ Европа, а овој пат ги предизвикаа дисциплинците на УЕФА со дрзок пиромански чин на својот стадион.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…