(Фото) БРАВО ЗА БИТОЛЧАНИ! Битола на улица, кажаа стоп за регионална депонија во Пелагонија

t

„Доста не труете”, „Рек + депонија= онкологија”. Со овие пароли денеска дел од битолчани излегоа на протести пред општинската зграда против изградба на Регионална депонија во Општина Новаци, во близина на РЕК, на двесеттина километри од Битола. Бараат, надлежните да најдата друга локација, затоа што не веруваат дека институциите имаат капацитет да ја одржуваат по европски стандарди и да не загадува депонијата каде смет ќе одлагаат 18 општини од Југозападниот регион.

-Една ваква депонија од толкави размери во близина на Битола ,ќе претставува уште една еколошка бомба која дополнително ќе ги загадува, Битола, Новаци и цела Пелагонија, рече Љупчо Мачковски жител на Битола.

-Сега сакаат Пелагонија да ја уништата и цело население во Пелагониско. Ова е срамота, не само за Битола, срамота е за цела македонија, не знам до кај мислат да одат, вели Кирил Добрушевски жител на Битола.

-Вистинско време е да кажеме „не” за депонијата и да се среди загадувањето од РЕК. Мора да оставиме подобар свет на младите, мора да се обединиме во таа борба за вакви клучни работи, рече Јована Здравевска жителка на Битола.

Изградбата на Регионална депонија во стар напуштен рудник на РЕК Битола, е проект на Министерството за животна средина за што државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој.

До кајот на годината треба да се избере изведувач, а се очекува изградбата да заврши во 2027. Сите 18 општини имаат обврска да формираат јавно претпријатие за управување со депонијата.

Но, по бурните реакции во јавноста минатаат недела, на вонредна седница на Советот, градоначалникот и претставници од ресорното Министерство ги убедуваа граѓаните и советницте дека станува збор за современ начин за справување со отпадот.

Потоа Советот донесе заклучок, со кој бара од Владата да ја измени локацијата за изградба на Регионална депонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…