(Фото) „Бугарите“ лажат – не е етничка омраза, туку семејна драма: Поранешната сопруга на секретарот ги искршила прозорците на здружението „Ванчо Михајлов“ – „ја сликал гола ќерка си, ја тепал жена си, маќеата ја држела затворена во една соба“
Семејна драма, а не меѓуетничка омраза ги демолираше канцелариите на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Денеска наутро во Битола било искршено стакло од објектот што го користи секретарот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“, објавија од центарот.
„Повторно се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго“, велат од Културниот центар.
Иако секретарот на центарот, Благој Шаторов тврди дека не го знае сторителот и дека станува збор за напад врз Бугарите во Македонија, вистината е дека е познат сторителот и тој сам се има пријавено на социјалните мрежи.
Именот се работи за поранешната сопругата на секретарот на центарот која на Фејсбук самата признава дека го демолирала објектот.

Причината за семејната драма е тоа што невенчаната сопруга на Шаторов го зела неговото дете на денот кога тој требал да ги чува, а тој се фотографирал во Скопје на гробот на Гоце Делчев со бугарската делегација.
Откако мајката ја видела сликата заминала по детето, викнала полиција бидејќи тие не биле со нивниот татко туку со маќеата.
По жестока расправа таа ја демолирала канцеларијата на здружението Ванчо Михајлов.
Инаку секретарот Благој Шаторов – си го сменил презимето пред неколку години и лажно се претставува како внук на Методија Шаторов-Шарло.
Поранешната сопруга Билјана на Фејсбук сподели застрашувачки обвинувања за поранешниот сопруг меѓу кои дека ја тепал, а нивната ќерка ја слика гола во гениталиите, но и дека маќетата ја држела заклучена во една соба, а и аборитал и дете.


-Денес утринава нападнат објектот на секретарот на Културният центар Иван Михайлов Битола. Направена е и пријава до надлежните органи во СВР Битола, се надеваме сторителите да бидат откриени и санкционирани во најбрз можен рок!!!
Паралелно случајот е пријавен во Генералното консулство на Република Бугарија во Битола.
Од ново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго, стои во соопштението на здружението Иван Михајлов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…