(Фото) „Версаче“, „Мајкл Корс“, „Ралф Лорен“ не влегоа во Македонија: Спречен обид за криумчарење на облека и обувки вредни 1,6 милиони денар

t

Спречен обид за криумчарење на брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“ во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово.

Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени.

Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар се откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…