Објавено на:

(Фото + видео) Неуспешна мисија: Украинка се обиде да го прошверцува сопругот преку граница во кутија со играчки

t

Украинка се обиде да си го прошвервцува сопругот преку граница во кутија за бебешки играчки. Граничната полиција го фатила 37-годишниот маж на преминот Рососани со Молдавија. Автомобилот полн со играчки им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и двете деца, го прегледале багажникот.

Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја преминуваат границата, соопшти Украинската гранична служба.

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а тужба ќе биде поднесена и против неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела да незаконски да пренесе човек преку државната граница.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има и отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, дали сам одгледува дете, дали има дете со попреченост или ако посвоил дете. Две деца не се вклучени во овие исклучоци.

Погледнете го видеото на следниот линк: https://www.facebook.com/100066866381279/videos/pcb.297040715868139/356448096221482

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Недокажани тврдења за сопругата на атентаторот на…

Се проширија недокажани тврдења дека осомничениот за…

(Видео) МВР: Пресечен меѓународен канал за шверц,…

На влезот во Гостивар, во заедничка акција…

(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…

Мобилен тим при Секторот за контрола и…

(Видео) Царината заплени минибус со албански таблички…

Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде…

Приведен гевгеличанец поради криумчарење на цигари и…

Ноќва во 01.20 часот на Граничен премин…