(Фото) ВИКЕНД-АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ
Eкипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје започнаа викенд-акција за генерално чистење на булеварите Партизански одреди и Илинденска во скопската општина Карпош, како и булеварите Кузман Јосифовски-Питу и Кочо Рацин, во општините Центар и Аеродром.
Во рамките на акцијата, се реализира машинско и рачно метење, како и корнење на зеленилото со тример. Воедно, ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден спроведе рачно миење на плоштадот Филип Втори, како и на целокупниот простор под Камениот мост. Реализирани се и активности за чистење и рачно метење на мостот Беласица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…