(Фото) ВМРО-МВРО: Тошковски со инспектори од МВР во штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани, полицијата ставена во функција на власта
Соопштение на СДСМ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствивал на партиски состонок за изборите во партиски штаб на ДПМНЕ во Кривогаштани.
На истиот состанок присуствувал и полицискиот инспектор при ОВР Прилеп, Сашо Јосифоски, што претставува директно кршење на Законот за внатрешни работи.
Очигледно партизираната полиција на Тошковски е целосно ставена во функција на ВМРО-ДПМНЕ наместо на изборниот процес.
Ова е флагрантна злоупотреба на институциите во партиски цели.
Министерот Тошковски, наместо да гарантира независност и професионалност на полициските структури, ја претвора полицијата во сервис на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ бара разрешување на полицискиот инспектор, суспензија, дисциплинска постапка и одговорност од Тошковски.
Полицијата мора да биде во служба на граѓаните, а не во служба на ДПМНЕ.
Македонската јавност веќе еднаш видела што значи партизирана полиција – притисоци, закани и злоупотреби во изборен процес. Тоа нема да се дозволи повторно
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) ВМРО-МВРО: Тошковски со инспектори од МВР…
Соопштение на СДСМ Министерот за внатрешни работи…
„Водовод“ потврди: Половина Скопје вечерва без вода…
Голем дефект на водоводна цевка во населбата…
(ВИДЕО) Пукна водоводна цевка во Влае, вода…
Една од главните водоводни цевки вечерва пукна…
Мицкоски со порака до СДСМ: Правдата ќе…
Го слушам Венко Филипче како зборува дека…
(Фото+Видео) Мицкоски и Владата ги пречека транспарент…
Високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ денес престојуваа во…