(Фото) Воспитувачка во градинка во Аеродром на дисциплинска поради патриотска песна на приредба
После 4 месеци од завршната приредба на дечињата од објектот” ЛАЛЕ”, од прва голема група, при ЈДГОА “СРНИЧКА”, општина Аеродром, прогонот против воспитувачката Соња Петровска продолжува!

Иако приредбата по барање на родителите се одржа,надвор од градинката,во организација на родителите и комплетното сценарио.
Но тука веќе работите по успешната приредба, која ја следеа сите медиуми и МАКЕДОНСКАТА јавност, доби најголема поддршка, доби и нови несакани и девијантни последици по интегритетот и кариерата на воспитувачката Соња Петровска.
Имено наредниот ден после приредбата, поточно на 31.05.2023 година во градинката е извршен вонреден инспекциски надзор во објектот “ЛАЛЕ”од инспектори на МТСП, без присуство на воспитувачката, која тој последен ден била на задолжителен систематски преглед!
Само е контактирана телефонски, од инспекторатот.
Во решението од МТСП, поточно од инспекторите е констатирано, а и подоцна во нивното официјално решение е донесена одлука дека децата во песната “Нешто ќе те питам бабо” и облеката која што ја носеле, се злоупотребени во политички цели, од страна на воспитувачката!
На 16.06.2023 година воспитувачката Соња Петровска, добива покана од раководството на ЈДГОА “СРНИЧКА”, при општина Аеродром, за поведување на дисциплинска постапка против неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
Дете во детска градинка во Радовиш се…
Вчера во 11.00 часот во ОВР Радовиш,…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…