(Фото) Вучиќ и Шарл Мишел заедно правеа ќебапчиња
Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави фотографија на која тој и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој е во посета на Белград, заедно печат ќебапчиња.
„Ќебапчињата ги спремавме заедно. Му благодарам на Шарл Мишел на посетата и на поддршката на европската иднина на Србија“, напиша Вучиќ, објавувајќи ја фотографијата.
Вучиќ претходно, за време на обраќањето по состанокот со Мишел, откри што е на менито за вечерата.
„Решив предјадењето, главното јадење и десертот, сѐ да биде месо. Ние не можеме на претседателот Мишел да му понудиме подобра риба отколку што тој може да јаде во Франција. Бидејќи ова е првпат ниту претседателот Мишел, ниту кој било од неговата делегација да немаат ниту едно единствено барање. Ние вечерва, со добро српско месо, ќе продискутираме за сѐ“, рече српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…