(Фото галерија) МАКЕДОНИЈА драматично ја победи Чешка – Обезбеден настап на уште еден Мундијал
Македонската ракометна репрезентација ја совлада Чешка со 27-25 и се пласира на Светското првенство во Полска и Шведска.
Отворивме со гол и водство, но Мрква и Клима брзо донесоа пресврт и прво водство на Чесите. Никола Митревски со три одбрани во првите пет минути не дозволи нашите противници да се одлепат. Нашата феноменална одбрана пет напади ги сопре ривалите и со серија 5-0 поведе со 7-4. Талески од позиционен напад, Пешевски од линијата и младиот Петар Атанасијевиќ со првенецот во репрезентацијата ни донесе највисока предност.
Нашата игра фати одличен ритам на двата дела од теренот. Митревски се разбрани, а на половина полувреме Лазаров се запиша меѓу стрелците за 8-5 и минута одмор за Сабате. Следеа голови на Бабак и Хрстка и Чесите веднаш се доближија на -1. Следеа минути на Миркуловски, кој изнуди седмерец и исклучување, а потоа погоди за 9-7. Ветераните Лазаров и Миркуловски ги презедоа работите во свои раце, па и покрај исклучувањето на Стоилов, Македонија поведе со 13-10 во 25.
минута. Настапија „црни“ минути за нашиот национален тим, Младеновиќ беше исклучен, а по грешката на Стоилов, Чесите намалија на 13-12. Во хаотичен финиш Кузмановски единствен погоди во последните три минути и македонската селекција на одмор замина со 14-12.
Вториот дел почна со исклучување на Филип Талески, но со головите на Јагуриновски и двапати Кузмановски пак Македонија дојде до највисоките +3. За секој гол мораа да се намачат двете селекции, а дистанцата од 2-3 разлика постојано беше присутна. Нашиот „бомбардер“ Кузмановски ефектно го постигна својот шести гол, а Пешевски првпат зголеми на +4 во 41. минута.
Сабате почувствува дека Чешка го губи чекорот и повика минута одмор. Нашиот ривал се врати во натпреварот, имаше и зицер на 20-18, но Митревски чудесно одбрани и ја подигна селекцијата.
Во периодот на криза, кога Мрква му одбрани можност од крило на Атанасијевиќ, Митревски со одбрана со глава ја спаси нашата селекција. Сантош и Фонсека од Португалија го навлекоа гневот на домашните ракометари и фановите со својот критериум, па со многу бес Јагуриновски погоди за 25-22 во 54. минута. Сепак, Бабак и Ужек експресно погодија и Чешка намали на 25-24 на четири минути до крајот. Чесите имаа и напад за реми. но нашата одбрана одговори и Лазаров со минута одмор ја смири селекцијата пред драматичните последни три минути.
Следеше „бомба“ на Талески за +2 на две минути до крајот. Сепак, Бабак брзо реализираше за 26-25 на деведесет секунди до крајот. Јагуриновски изнуди седмерец на петнаесеттина секунди до крајот, а Кузмановски погоди за 27-25 и пласман на Светското првенство следната зима.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…