(Фото галерија) “НЕМА КОЈ ДА ЈА НАВОДНУВА ТРЕВАТА!” Парковите во Аеродром се во катастрофална состојба, се жалат аеродромци!

Парковите во општина Аеродром пропаѓаат, се жалат жители на општината кои до нашата редакција доставија фотографии од паркот на Детската улица во населбата Ново Лисиче, каде како што можете да забележите на фотографиите тревата е исушена, а просторите за цвеќиња се празни и со исушени растенија во нив.


Граѓаните велат дека во ваква катастрофална состојба не е само овој парк, туку и најголемиот број паркови под надлежност на Општината Аеродром, а исто така додаваат дека општинските власти се запознаени со проблемот и со барањата на граѓаните за соодветна грижа за парковите низ општината, но одговор на нивните барања нема.



Го прашавме градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, за коментар за состојбата на парковите низ општината со која тој раководи, но и ние, ккао и граѓаните, не добивме одговор зошто парковите се оставени на милост и немилост на временските услови.



Инаку, за време на предизборната кампања, Муцунски постојано повторуваше дека е време за чист, зелен и безбеден Аеродром, со што и ја доби довербата на граѓаните. За жал, ветувањето за зелен Аеродром не го исполнува на дело.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…
34 милиони и 220 илјади денари ќе…
Татко и син се тепале со сосед…
Половина час по полноќ синоќа, во полиција…
(Видео) Општина Аеродром го скрати спонзорството за…
Општина Аеродром е во толку лоша финансиска…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…
Изгоре автомобил во Аеродром
Ноќеска во 03.35 часот во СВР Скопје…