(Фото галерија) Со какви оружја се пофали Србија на вчерашната изложба во Батајница

t

Во регионот на Југоисточна Европа се купува оружје како никогаш порано. Една од земјите кои деновиве е во фокусот на вниманието токму поради набавката на софестицирано ново оружје е соседна Србија.

Имено, регионалните медиуми пишуваат дека викендов во рамки на воената вежба „ Штит 2022“ што се одржа на аеродромот во Батајница, Србија за прв пат ги претстави кинеските против воздушни ракети „ФК-3“ со среден домет, што важат за едни од најсовремените воздухопловни системи во својата класа, чија современост и актуелност ја карактеризира последна генерација радарска технологија.

Една од причините за новата рунда на балканската трка во вооружување е фактот што воената опрема и вооружувањето на сите армии на поранешната заедничка република се застарени, пишува интернет порталот на весникот Политкика.

Весникот наведува дека на вежбата беа прикажани околу 60 авиони, вклучувајќи модернизираните МИГ- 29СМ, опремени со нови самоодни ракети воздух-воздух со среден дострел Р-77. Тоа е рускиот пандан на американската ракета АИМ-120 АМРААМ.

Потоа ,авионот бомбардер „Орао“, „Г-4 Супер Галеб“ и „Ласта“, као и хеликоптерите „Ми-35М“, „Ми-17“, „Ми-8“ и „Ербас” Х-145М.

Во меѓувреме порталот Балканска безбедносна мрежа наведува дека Србија на воената вежба ги прикажа и 5 – те оклопни возила БерКет (Bear Cat) кои ќе ги користи воената полиција. Порталот пишува дека ова е првпат во модерната историја, српската воена полиција да почне да користи оклопни возила од американско производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…