(Фото+видео) ГОЛЕМ ИНЦИДЕНТ НА ЧАИР: Шкендија поведе, ,,Шверцери” влетаа на теренот – летаат тврди предмети на сите страни!

t

Голем инцидент се случи предмалку во скопската населба Чаир. На фудбалскиот натпревар од 1/4 финалето на Купот на Македонија, помеѓу Шкупи и Шкендија дојде до немили сцени. При постигнување на погодок на гостинската екипа, стрелецот на голот крајно непрофесионално упати низа на провокации кон домашната публика, при што дојде до вистински хаос.

Навивачите на домаќинот влетаа на теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери со боксови. Освен физичката пресметка, леташе пиротехника на сите страни. Поради овој голем инцидент и физички што беа нападнати играчите на Шкендија, следува службена победа на гостинот и сигурно висока казна за домашната екипа поради лошата организација на овој натпревар. Навистина срамно за мак-фудбалот.

Инаку, во последно време не е тајна дека овие два клуба не се во добри односи. Политиката си го прави своето, па затоа и има голем број на инциденти на фудбалските натпревари на овие две екипи. Овој попладнево дефинитивно ја прели чашата.

Видео:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…

Бангладеш ќе го назначи нобеловецот Јунус за…

Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин треба да…

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…

Пакистанец е обвинет за подготвување убиство на…