(Фото) Голем СКАНДАЛ: Директорот на Затворот во Прилеп бил аболициран од Црвенковски
ДИРЕКТОРОТ НА ЗАТВОРОТ ВО ПРИЛЕП Е АБОЛИЦИРАН БРАНКОВИСТ
На една од минатите седници на Владата, за вд директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ – кој во 2008 година бил АБОЛИЦИРАН од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски.
Како што претходно информиравме, тој во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.

ЗНАМ го карактеризираа како човек без дамка во минатото, кој токму како началник во 2007 година насилнички демолираше локал и за овој чин насилникот-повтореник беше осуден, за после година дена, покрај негативното мислење од Министерството за правда, тој да биде аболициран од страна на Бранко Црвенковски.
Левица повторно јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални – да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.
‼️Јасно е дека криминалците на СДС ги наполнија редовите на ЗНАМ, да преку нивното учество во Владата бидат и ослободени од понатамошно процесирање на нивното сомнително минато.
Дополнително за Емил Јаневски постои и објава од Службен Весник дека тој бил аболициран од екс-претседателот Бранко Црвенковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…