(Фото) Не стивнуваат реакциите и шеговитите коментари: Груби влезе во друштво на најскапо платените „осумки“ на светот
На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите и шеговитите коментари за првиот вицепремиер, Артан груби, кој на свеченоста по повод почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар кој е дел од Коридорот 8, се облече со блуза на која беше испишан бројот 8.
Една од фотографиите кои станаа вирални и добиваат огромен број коментари, е онаа на која Груби е претставен во друштво на некои од најдобрите фудбалери во историјата, а кои го носеа бројот 8 на своите дресови. Заедно на фотографијата се коментира дека тие беа и едни од најскапо платените фудбалери.
Во друштво на Груби, меѓу најскапо платените „осумки“ се Френк Лампард, фудбалски тренер и поранешен фудбалер кој настапувше како играч од средниот ред за неколку англиски клубови од Премиер лигата, но најголем печат остави во Челси, шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста кој го носеше бројот 8 во дресот на Барселона, а тука е и Стивен Џерард, англискиот реперзентативец кој долги години беше дел клубот на Ливерпул.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…