(Фото) Директорката на ЈП “Комунална хигиена” Мазнева вечерва рамо до рамо со екипите на терен

t

Директорката на ЈП “Комунална хигиена”, Косана Мазнева, вечерва е на терен рамо до рамо со екипите од претпријатието кои ја санираат штетата од големото невреме кое го зафати Скопје попладнево.

Невремето предизвика значителни материјални штети, поплави низ улиците и подвозниците, откорнати дрвја, а имаше и заглавени луѓе и автомобили.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно го свика кризниот штаб и за неколку часови по невремето веќе беа санирани дел од штетите и расчистени клучни делови од градот.

Сепак, како што најави градоначалничката, екипите и на ЈП “Комунална хигиена” и сите остаанти остануваат вечерва на терен се додека не се расчистат и последните штети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…