(Фото) До кое дереџе дојдовме: Нема леб во маркетите! Остана само стариот од вчера

t

Рафтовите за леб во маркетите останаа празни, пекарниците реагираат на одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари.

Речиси сите пекарници се согласни дека леб нема да се произведува се додека не се укине мерката за замрзнување на цената на лебот, која беше донесена заедно со укинување на повластената тарифа за електрична енергија за компаниите од прехранбената индустрија, што е уште еден удар врз индустријата.

Инфомакс вчера неофицијално објави дека денеска тешко ќе може да се најде леб по рафтовите. Денеска нашата екипа посети неколку маркети од каде кажаа дека пекарниците не доставиле леб утрово. Единствено маркетите кои имаат сопствени пекарници имаат мала количина леб, а има и остатоци од лебот произведен вчера.

Вчера премиерот Ковачевски и министерот Бектеши истакнаа дека мерката се презема бидејќи утврдиле дека некои компании неоправдано ја зголемуват цената на лебот за да профитираат.

-Јас неоправдано покачување на цените нема да дозволам. Помина доволен период за цените да се усогласат бидејќи помошта од државата беше реална и навремена. Иако производителите на основните прехранбени производи добиваа субвенционирана електрична енергија, цените на своите производи не ги намалија или ги намалија незначително. Затоа Владата одлучи да ја укине мерката. Производителите на основните прехранбени производи ќе се снабдуваат со струја согласно Законот за енергетика и правилата за снабдување со електрична енергија. Владата ја замрзнува цената на белиот и полубелиот леб, сечен и на парчиња на 33 денари. Ова се однесува на леб со тежина од 450 грама и повеќе, а за леб со под 450 грама се утврдува во висина до 33 денари по леб која ќе биде во сооднос со тежината на лебот, соопшти премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Ковачевски истакна дека оваа одлука ќе важи до 31 мај 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големите маркети ја прифатија одлуката на владата…

Над 50 производи, ќе бидат намалени за…

Владата со одлука забрани акции и промоции…

Владата на денешната 185 седница, на предлог…

Изречени казни од 750.000 денари за маркетите…

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20…

Бектеши за пекарниците: Четири-пет компании се здружиле…

Во Градот Скопје во делот на производство…

(Фото) До кое дереџе дојдовме: Нема леб…

Рафтовите за леб во маркетите останаа празни,…