(Фото) Државата да прогласи победа на кравите во Крива Паланка

t

Република Македонија треба да прогласи службена победа на кравите во Крива Паланка кои со години го загрозуваат имотот и животот на граѓаните во Крива Паланка затоа што државните институции и покрај робустните соопштенија и најави за решавање на овој проблем се уште немаат реагирано.

Да се потсетиме дека Агенцијата за храна и ветеринарство најави решавање на проблемот со кравите во Паланка кои слободно се шетаат низ градот, а беше најавена и употреба на армијата при решавање на овој проблем.

Од тогаш до денес поминаа три недели, а проблемот се уште не е решен.

Претходно градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, заедно со граѓани на Крива Паланка излезе на прес-конференција на која обвини за нехумано третирање на животните и побара надлежните да реагираат.

– Државата и институциите мора да ги почитуваат законите и да ги спроведуваат во целост. Решенијата кои ги носи одредена институција мора да ги спроведува во целост. Пред точно една година на 05.03.2024 година Комисијата за одлучување по прекршоци при АХВ по извршениот вонреден инспекциски надзор кој констатирал дека не се обезбедени соодветни услови за чување на животните.

АХВ вели дека за лицата се изрекува посебна мерка одземање на животните, објасни градоначалникот Митовски кој додаде дека Решенијата се извршни и правосилни, но прашање е зошто не се постапува по истите.

– Уште колку граѓаните на Крива Паланка ќе трпат штета? – праша градоначалникот кој истакна дека граѓаните се заложници на семејство кое се претставува како чесни земјоделци и сточари, но врши тортура на животните.

Градоначалникот истакна дека покрај штетите на приватен имот и земјоделски површини, има и повреди на луѓе и регистрирано е загадување на водата поради удавени говеда.

Граѓанка на Крива Паланка кажа дека едно од говедата ѝ скршило рака, а еден од сопствениците ѝ се заканил дека ќе ја убие ако го пријави.

– Не можеме да спиеме, немаме мир, истакна граѓанка.

Сведоштво сподели и друг граѓанин кој, како што кажа, од добитокот му бил уништен 7 декари земјоделска површина со земјоделски производи, а како што вели сопственикот му рекол дека никој ништо не им може.

Соопштението од АХВ ви го пренесуваме во целост:

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полициски службеници од ОВР Крива Паланка, утрово, во кривопаланечкото село Жидилово, спроведоа вонреден инспекциски надзор во три одгледувалишта за говеда и направија нов обид за одземање на животни од видот говеда, поради сторен прекршок согласно одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните. Со надзорот е утврдено дека сопствениците на говедата не постапиле согласно добиените известувања од 05.03.2025, година со кое биле задолжени во ограден простор, во период од 05.03.2025 до 14.03.2025 година да ги обезбедат животните, заради спроведување на увид во однос на идентификација на животните и нивниот здравствен статус за болестите туберкулоза и бруцелоза кај говедата, а со цел спроведување на извршните решенија за одземање на говедата од трите одгледувалишта од 17.04.2024 година.

Како и во неколкуте обиди за одземање на животните досега, сопствениците на говедата од трите одгледувалишта, денес и едно непознато лице, ги спречиле официјалните ветеринари и полициските службеници во спроведувањето на вонредниот инспекциски надзор, растерувајќи ги десеттината говеда кои се наоѓале во близина на една од шталите, со што е оневозможено нивното идентификување и проверка на здравствениот статус, а со тоа и спроведувањето на решенијата за одземање на животните.

Против трите одгледувачи на говеда, кои во моментов во Ветеринарно информативниот систем на Агенција за храна и ветеринарство имаат пријавено 486 говеда (состојба 13.03.2025 година) од сите категории, претставки со наводи за уништување на имоти и посеви од говедата кои се движат без никаков надзор низ селото и планината, до АХВ се поднесени уште во 2023 година. Лани, поединци, со една претставка и триесеттина сопственици на имоти во близина на селото, како и Општина Крива Паланка до која се обратиле жители од ова село, до АХВ биле поднесени 6, а годинава 4 претставки против овие одгледувачи на говеда, чија бројка поради немарност и негрижа на сопствениците и нивното неконтролирано размножување, сега по проценка на официјалните ветеринари изнесува над 600 животни кои неконтролирано се движат, не само во близина на селото, туку и во градот Крива Паланка и по сообраќајниците, магистралните патишта, предизвикувајќи сообраќајни незгоди.

Решенијата за одземање на животните донесени се во 2024 година по спроведени вонредни инспекциски надзори во трите регистрирани одгледувалишта во Ветеринарно информативниот систем на АХВ, каде во неколку наврати од страна на официјалните ветеринари, не се најдени животни во одгледувалиштата, утврдени се недоследности во однос на евидентирањето на употребата на ветеринарно медицински препарати, како и необезбедување на заштита и благосостојба на животните, неспречување на нанесување на непотребна болка и страдање или повреда и необезбедување на соодветни услови за животните, кои место под надзор, слободно се движат низ селото и околината. Поради овие утврдени недоследности, потврдени и од страна на Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата година донесени се решенија за одземање на животните од трите одгледувалишта.

Постапката за одземање на животните ќе продолжи, со наложување и на други мерки, а за обезбедување на говедата и спроведување на решението за нивно одземање, поради несоработката со сопствениците и недостапноста на теренот, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе побара соработка и од други институции, вклучително и од АРМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…