(Фото) Дрога во штраф, полицијата тресеше на концертот „Skopje Calling“
На 05/06.07.2024 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведен план за контрола во повеќе угостителски објекти, излетнички места и на концертот “Skopje Calling”, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Во рамките на извршената контрола, лишено од слобода е лицето И.П. (42) бидејќи кај истиот при преглед на импровизиран бункер во моторцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 паковки со непозната бела прашкаста материја.
Дополнително, во ташничка под седиштето на моторциклот се пронајдени 60 банкноти во апоен од 50 евра и 5 банкноти во апоен од 1000 денари. По консултација со дежурен јавен обвинител, одземени се паричните средства и мотоциклот, по што И.П. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
Исто така, при преглед на лицето А.К. (20) пронајдена е непозната растителна материја.
Во рамките на контролната акција, беше извршено легитимирање и преглед на вкупно 29 лица и 5 патнички моторни возила.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на борбата против трговијата со дрога и во наредниот период ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности насочени кон сузбивање на овој, но и на секаков друг вид на криминал“, стои во објавата на Тошковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…