(Фото) Евакуирана и зградата „Flat Iron“ во Кисела Вода поради дојава за бомба!
Продолжува хибридниот напад на Македонија со секојдневните дојави за бомби. Откако беа евакуирани повеќе средни училишта во Скопје, дојава за бомба пристигна и во трговскиот центар „East gate mall“ кој експресно беше евакуиран од страна на полицијата.

Како што дознава Инфомакс во моментов евакуирана е и зградата „Flat Iron“ во Кисела Вода поради добиена дојава за бомба.

Како и во Сити Мол и во училиштата во Скопје во секој момент се очекува да пристигне анти-терористичка единица за да провери дали дојавата за бомба во зградата на Flat Iron e лажна или навистина е поставена експлозивна направа.
Дотогаш пристапот во и околу истата е забранет за граѓаните.
Стојам на ставот дека дојавите за поставени бомби во училиштата претставува хибриден напад врз државата и дека тоа е монструозен чин, заради тоа што без разлика кој и да го прави, со тоа ги вознемирува и учениците и нивните родители и наставниот кадар и целата држава, изјави претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…