(Фото) Една година по масакрот во „Рибникар“
Навршува една година по масакрот во училиштето „Рибникар“ во Белград во кој загинаа десет лица меѓу кои 8 деца и училишниот чувар, а седум лица беа ранети.

Подоцна на повредите им подлегна уште едно дете.
Масакрот во училиштето се случи утрото на 3 мај 2023 година.
Многумина во Србија се уште се запрепастени пред мрачната годишнина, која ќе биде одбележана со целодневна комеморативна церемонија во близина на училиштето, вклучувајќи уметнички инсталации, дискусии со експерти и видео филмови за жртвите.

На балканската нација не ѝ беше непознат насилниот криминал, но масовните пукања сè уште беа ретки и никогаш претходно не се случуваа во училиште.
Владата на Србија ден по масакрот започна акција за собирање оружје, притоа одземајќи околу 80.000 парчиња оружје и муниција.
Тимовите за поддршка понудија советување, а полицајци беа распоредени во училиштата во Србија заради безбедност.
Шокот и гневот поради пукотниците минатата година предизвикаа повеќемесечни улични протести со барање за оставки од највисоките функционери и забрана на главните медиуми кои шират говор на омраза и нетрпеливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР не демантира дека тендерот за возачки…
Демантот на Министерството за внатрешни работи не…
Денеска пресуда за грозоморното убиство на Вања…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска, според…
(Видео) Американскиите напади не ја уништија нуклеарната…
Нападите на американската војска врз три ирански…
Земјотрес ја погоди Албанија
Силен земјотрес ја погоди Албанија вечерва, јави…
Светот може да здивне: Иран официјално објави…
Денес, во порака до нацијата, претседателот на…