(Фото) Екипите на ЈП Комунална хигиена го расчистуваат теренот по денешниот пожар во Автокоманда

t

По гасењето на пожарот кој денеска се случи во населбата Автокоманда, каде се запали камион со отпад, екипите на ЈП Комунална хигиена Скопје го расчистуваат теренот.

Првично беше кажано дека камионот со отпад кој денеска се запали во близина на бензинската пумпа ОКТА во Автокоманда е сопственост на ЈП Комунална хигиена, што подоцна беше демантирано од претпријатието.

Станува збор за приватен камион, кој според информациите се запалил додека возел. Возачот се обидел да го изгаси пожарот со ПП апарат ама не успеал по што излегол од возилото.

За среќа нема повредени, причинета е само материјална штета на возилото.

Повеќе фотографии од пожарот во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…