(Фото) Ендру Тејт има девојка од Србија? „Не разговара со други мажи освен со мене!“
Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт, кој за себе вели дека е женомрзец, е во центарот на вниманието поради неговата нова девојка која наводно е од Србија.
Девојката по име Сандра често објавува фотографии на својот инстаграм-профил со овој контроверзен инфлуенсер кој славата ја стекна по својот став и однос кон жените. Меѓу другото, Тејт зборуваше дека „жените се создадени за работа во куќата“ и дека тие се „сопственост на мажите“.
Исто така, Ендру Тејт и неговиот брат беа обвинети за силување, подведување, злоставување и тепање жени. Двајцата првпат беа уапсени во нивната куќа во Букурешт во 2022 година.
Во обвинението се наведува дека тие формирале организирана криминална група за трговија со луѓе во Романија, но и во други земји, меѓу кои и САД и Велика Британија.
На својот инстаграм-профил тој сподели фотографија со Србинката.
„Јас сум заштитнички настроен кон мојата жена. Не сум несигурен. Не сум љубоморен. Јас сум територијален, таа е моја. Таа не разговара со други мажи, освен со мене, мојот тим и со моето семејство“, пишува во описот на профилот зад кој стои Тејт.
Веќе во друга објава напишал:
– Мажот мора да ги почитува емоционалните потреби на својата жена. Жените се емотивни суштества и понекогаш се вознемируваат. Понекогаш ќе плаче. Понекогаш ќе бидат нелогични. Понекогаш ќе бидат тажни. Мора да бидеш доволно маж за да можеш да ја натераш да се чувствува подобро. Мора да бидете карпата што ѝ треба.
Иако новата врска не е потврдена, се чини дека Србинката Сандра му го заматила умот на озлогласениот женомрзец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Србија ќе го награди Ноле со државна…
Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…