(Фото) Завршија сите церемонии: Откриен споменикот на Елизабета Втора

t

Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата.

Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година.

Во истата гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета.

Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата”, соопшти Бакингемската палата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потребни се 35.000 евра за Елизабета да…

Потребна е финансиска помош за Елизабета која…